Top Sport

Нема пенал, нема проблем! Меси два пати го понижи Де Хеа! (видео)

Реваншот од четврт-финалето во ЛШ помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед започна со контроверзен момент и со два гола на Лео Меси, за Барса да биде на чекор до полуфиналето по само 15 минути игра.

По првичниот притисок на Јунајтед, кога Рашфорд ја погоди пречката, Барселона во 10-тата минута сметаше дека е оштетена не им беше досуден пенал по стартот на Фред над Ракитиќ во шестнаесетникот. Судијата Брих по прегледување на ВАР снимките реши дека не е направен доволен фаул за удар од белата точка.

Сепак, во 16-тата минута, Каталонците дојдоа во водство, кога Лео Меси од далечина со прецизен удар го совлада Давид де Хеа. Ако тука можеби немаше шанса, само три минути подоцна, Де Хеа направи невиден „кикс“ дозволувајќи Меси за четири минути да му стане вистински кошмар.

Scroll to Top