Top Sport

Нема промени во Бугарија, Михајлов останува претседател

Борислав Михајлов е ново-стариот претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз (БФС), откако легендарниот голман на репрезентација добир 463 гласа од 510 делегати на Собранието на БФС во Софија.

Противкандидатите на Михајлов поминаа катастрофално – Ивајло Дражев доби пет гласа, а уште една легенда на бугарскиот фудбал, Љубослав Пенев доби 36 гласа, по што сигурно зажали за тоа што замина од Б-тимот на Валенсија да се обиде да направи промени во БФС. За Михајлов ова ќе биде четврти четиригодишен мандат.

„И на 55 години, ваков момент може да донесе солзи. Нема врска што сме мажи. Оваа победа ми дава верба дека со мојата екипа ќе продолжиме да работиме и да го надградуваме бугарскиот фудбал. Благодарам на сите и гарантирам дека ќе бидам тоа што секогаш сум бил“, изјави Михајлов.


Пенев ветува темелни промени во бугарскиот фудбал

Scroll to Top