Јоаким Лев, селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, решил да им забрани некои работи на своите играчи додека трае Светското првенство во Русија.
Како што објавија италијанските и германските медиуми, на фудбалерите кои ќе ја бранат титулата на СП, нема да им биде дозволен секс и користење на социјалните мрежи.
Германците се подготвуваат за Мундијалот во Јужен Тирол, Италија, а доколку во текот на подготовките фудбалерите посакаат да ги видат сопругите, децата или девојките, ќе мора добијат дозвола од селекторот.
Интересно, за време на СП, Лев нема да го забрани алкохолот во таборот на репрезентацијата.
„Секако дека тимот е поважен од егото“, рекол Лев, појаснувајќи дека алкохлот ќе биде дозволен на заедничките прослави.
Германија до почетокот на СП ќе одигра две контролни средби, против Австрја в сабота и Саудиска Арабија на 8.јуни.
На СП, Германија во првата фаза ќе игра против Мексико, Јужна Кореја и Шведска.