Една од „шпанските сапуници“ во овој преоден рок е она што се случува на релација Герет Бејл-Реал Мадрид.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кажа дека и тој и клубот сакале фудбалерот што е можно поскоро да замине. Зидан потоа малку ја ублажи својата изјава со образложение дека „неговиот шпански понекогаш бил лош“, но и открил дека Бејл одбил да игра на мечот со Баерн во Хјустон.
Од друга страна менаџерот на Бехл, Џонатан Бернет, му порача на Зидан, а со тоа и на клубот дека „треба да се засрамни поради изјавите“.
Медиумите тврдат дека Бејл за огромна сума на пари (156.000 евра дневно, или 1,1 милиони евра неделно) ќе се пресели во Кина.
По повод ваквите шпекулации повторно се огласи менаџерот Гарнет. За „Скај Спорт“ тој рекол: „Нема шанси да го избркаат од клубот, тој е еден од најдобрите тројца фудбалери во светот“, а потоа проговорил и за трансферот во Кина.
„Позајмица во Кина? Смешно, никаде тој нема да биде позајмен. Бејл е играч на Реал Мадрид и ќе остане во клубот колку што сака, па дури и три години да седи на клупата. Само доколку се интересни ќе ги размислиме за евентуалните понуди, тогаш можеби ќе замине“, заклучил Барнет.
Герет Бејл во 2013 година за тогаш рекордни 100 милиони евра од Тотенхем пристигна во Реал Мадрид.