Top Sport

Нема трансфер на Мбапе – Анчелоти тврди дека за Реал преодниот рок е завршен

Сите шпекулации дека Реал Мадрид може да се реши да даде „супер-понуда“ и да го добие Килијан Мбапе овој летен преоден рок „пропаѓаат“, откако Карло Анчелоти инсистира дека „кралевите“ завршиле со купувањето на играчи ова лето.

„100 отсто! Нема да носиме нови фудблери. За нас, тимот е комплетиран“, одговори кратко Анчелоти.

Покрај „сопка“ за потенцијалниот трансфер на Мбапе, ова значи дека Реал нема да бараат замен за повредениот Едер Милитао, откако претходно го донесоа Кепа Аризабалага од Челси како замена за Тибо Куртоа.

Scroll to Top