Иско Алкарон не е задоволен од статусот што има во Реал. Незадоволството кулминира по објавата на социјалните мрежи, со која Иско одговорил на коментарите на поранешниот играч на Реал, Рубен де ла Ред.
„Иско мора да разбере дека клуб каков што е Реал не чека никого“, рекол Де ла Ред.
Изјавата ја подели јавноста, бидејќи не е мал бројот на оние што сметаат дека Иско нема добар третман во Реал, иако поголем е бројот на оние што сметаат дека со формата во која се наоѓа тој не заслужува место во тимот.
„Целосно се согласувам со Де ла Ред. Меѓутоа работите се менуваат кога нема да добиеш еднаков третман со соиграчите. Сепак, ќе продолжам да работам и да се борам“, напишал Иско.
Ова е уште еден доказ дека фудбалерот не е во добри односи со тренерот Сантијаго Солари. Сезонава, особено по доаѓањето на Солари, Иско најмногу време минува на клупата за резерви. Фудбалерот досега мина 767 минути на клупата за резерви што е рекорд во Шпанија.
Иско, во реал пристигна од Малага во 2013 година, како еден од најталентираните играчи во својата генерација.
Интерес за неговите услуги покажуваат Јувнетус и Манчестер сити.