Top Sport

Немир во германскиот тим – Ридигер и Кимих ќе ја „спукаа“

Тренингот на светските шампиони Германија беше доста „жив“ во вторникот, откако за малку ќе дојдеше до судир меѓу дефанзивецот на Челси, Антонио Ридигер и плејмејкерот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих.

По еден старт на Ридигер, тие дојдоа глава-до-глава, пред помошникот тренер, рекордерот Мирослав Клозе да ги раздвои.

Драмата за тимот на Јоаким Лев не заврши тука, откако Јулијан Дракслер доби лакт во главата, додава „Билд“.  Ѕвездата на ПСЖ веднаш доби третман покрај теренот, и продолжи со тренингот.

Од друга страна, покрај добрите вести за опоравувањето на голманот Мануел Нојер, „панцерите“ го вратија и Џером Боатенг на тренинзите и се очекува тој да биде целосн опоравен за Русија.

 

Scroll to Top