Top Sport

„Ненормален“ меч за Галата, гол со ножички поништен во 94. минута, пенал во 105. минута! (видео)

Галатасарај во еден сосема неверојатен меч, успеа да пропушти 3:1 водство и да одигра само 3:3 со Газијантеп, во меч во кој имаше лудо судско продолжение, во кое прво на Газијантеп им беше поништен гол во 94. минута, за во 105. минута да израмнат со гол од пенал.

Ова е втор лош меч за тимот на Фатих Терим, откако во минатото коло загубија со 2:0 од последнопласираниот Кајзериспор.

Гостите дојдоа во водство во Истанбул преку Папи Џилобоџи во 17. минута, но до крајот на полувремето, Галата направи пресврт и со головите на Фалкао (36.) и Јунес Белханда (40.) водеа со 2:1. Софијан Фегули зголеми на 3:1 во 66. минута, гостите во 78. минута намалија на 3:2 преку Твумаси, пред да се случи драмата во продолжението.

Оларенваџу Кајоде во 94. минута постигна фантастичен гол со ножички, но по долгото прегледување на ВАР снимките, се утврди дека во текот на акцијата имало офсајд. Но, тука не беше крајот! Во 100. минута од мечот, судијата досуди индиректен удар во шестнаесетникот на Галатасарај откако голманот заддржуваше време. По ова следуваше фаул над изведувачот и пенал, кој Александру Максим го реализираше за 3:3.

Апсолутно неверојатно!







Scroll to Top