Top Sport

Необјасниво – промаши празен гол од еден метар при 0:0

Неверојатен момент забележаа камерите во првата лига на Белгија, на мечот меѓу Мехелен и Остенде.

Играчот на домашниот рим, Астер Вранкс по лошата реакција на голманот на Остенде се најде сам пред противничката празна мрежа, но само тој знае како успеа топката да не ја внесе во празниот гол.

Сето ова се случуваше на средината на второто полувреме, а казната нормално ги стигна домашните во финишот на мечот, пораз од 0-1.

Погледнете го потегот на играчот за врска на Мехелен кој делува необјасниво:

Scroll to Top