Top Sport

Непријатна порака за Донарума: Не си добредојден во Милано

Навивачите на Милан никогаш нема да му го простат на Џиџи Донарума, трансферот во ПСЖ.

Донарума, во летниот преоден рок, како слободен играч го напушти клубот. Во Париз пристигна како МВП на Европското првенство.

Италија, вечерва во Милано, против Шпанија ќе игра во полу-финалето во Лигата на нации. Донарума во неговиот град е пречекан со навредливи пораки.

„Донарума го..о едно! Никогаш повеќе нема да бидеш добредојден во Милано“, пишува на еден транспарент.

Scroll to Top