Top Sport

Нереш не мрда од Амстердам, го продолжи договорот со Ајакс

И покрај интересот на Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед и Евертон, Давид Нереш останува во Ајакс, откако потпиша нов договор со „копјаниците“ останувајќи во Амстердам барем до 2023 година.

22-годишниот напаѓач беше еден од најдобрите фудбалери на Ајакс минатата сезона во која стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите, постигнувајќи голови против Реал Мадрид и Јувентус. Нереш има 101 настапи за Ајакс по трансферот од Сао Пауло во 2017 година, а добрите игри му донесоа и прв повик во бразилската репрезентација со која го освои трофејот од Копа Америка.

Ова е добра вест за Ајакс, посебно откако претходно ги продоа Френки де Јонг на Барселона и капитенот Матијс де Лихт на Јувентус.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');