Интер синоќа доживеа пораз на Сардинија, кај Каљари (2:1), пораз со кој ја компромитира третата позиција на табелата и воопшто пласманот во Лигата на шампионите.
Поразот од Каљари е уште еден доказ дека многу нешта не се на потребното ниво во Интер, а по натпреварот медиумите „удрија“ по Иван Перишиќ.
Стрелецот на единствениот гол за Интер, против Каљари го одигра 150 натпревар за овој клуб. Во последните моменти тој нервозно оттурна едно од момчињата што ги собираат топките во обид што побрзо да ја уфрли топката во теренот.