Top Sport

„Несфатлив“ гол во англиската втора лига (видео)

Кога ќе се зборува за „неверојатни“ голови, тој епитет честопати се дава прелесно, но не и во случајот на погодокот на фудбалерот на Дерби каунти, Мејсон Бенет во вторникот навечер.

Бенет го постигна израмнувачкиот гол при 2:1 победата на Дерби (каде што тренер е Френк Лампард) над Виган, и тоа на апсолутно неверојатен начин со лева нога. Гол кој е микс на ножички и волеј-удар навистина досега не бил забележан, и овој гол сигурно ќе биде во игра за „Пушкаш наградата“ на ФИФА за најубав гол во годината.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');