Специјализираниот интернет портал за фудбалски трансфери „Трансфермаркт“ објави тим на фудбалери чија вредност најмногу паднала на пазарот во годината што изминува. Листата ја предводи фудбалерот на Барселона, кој сезонава е позајмен во Баерн Минхен, Фелипе Кутињо.
Погледнете го овој тим:
Куртоа, Флоренци, Отаменди, Умтити, Марсело, Бускетс, Ракитиќ, Бејл, Кутињо, Асенсио, Гризман.
Ваков тим би се борел за титулата во Лигата на шампионите, но ова е тим на играчи чија цена драстично паднала во 2019 година.
Кутињо ја предводи листата. Некогаш овој играч вредел 140 милиони евра, сега неговата цена е преполовена. Друштво му прават уште четворица играчи на Барселона: Антоан Гризман (од 150 на 120 милиони евра), Иван Ракитиќ (од 65 на 25 милиони), Серхио Бускетс (од 75 на 35 милиони) и Самуел Умтити (од 70 на 40 милиони).
Покрај Кутињо најмногу вредноста му паднала на неговиот сонародник од Реал, Марсело. Цената на левиот бек била 70 милиони евра, а сега според „Трансфермаркт“ вреди 20 милиони евра.
На списокот се и неговите соиграч Тибо Куртоа (од 70 на 55 милиони), Герет Бејл (од 80 на 40 милиони) и Марко Асенсио (од 80 на 40 милиони).
Последните двајца се Николас Отаменди од Манчестер сити (од 35 на 18 милиони евра) и Алесандро Флоренци од Рома (од 30 на 20 милиони евра).