Top Sport

Неста е новиот тренер на Фрозиноне

Алесандро Неста и официјално е именуван за тренер на Фрозиноне, иако тимот минтата сезона испаднаа од Серија А.

Поранешниот италијански дефанзивец потпиша двегодишен договор и продолжува полека да ја гради својата менаџерска кариера, откако работеше и во американскиот Мајами ФЦ и во второлигашот Перуџа, кој го отпушти минатата сезона.

43-годишниот поранешен фудбалер на Лацио и Милан го заменува Марко Барони, тренер кој дојде на средината на минатата сезона, но не успеа да го спаси клубот од испаѓање.

Scroll to Top