Поранешниот фудбалери на Милан, Алесандро Неста и Леонардо признаа дека биле шокирани од начинот на кој техничкиот директор на Милан и легенда на клубот, Паоло Малдини доби отказ од американскиот газда Џери Кардинале.
Екскапитенот Малдини, кој 24 години помина како играч на „росонерите“ доби отказ по краткиот состанок, ситуација која предизвика хаос кај навивачите и кај фудбалерите. Неста бил шокиран.
„Тоа е ситуација во која нема логика. Странските газди се добредојдени во Италија бидејќи носат нови инвестиции и пари, но мора да ја научат историјата на клубовите подобро, да знаат што освоиле, што претставуваат одредени луѓе, што сакаат луѓето. Малдини го врати скудетото и стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите. Кај мене тој уште предизвикува почит и восхит“, вели Малдини.
Бразилецот Леонардо, кој претходно беше и во управната структура на клубот, исто така е изненаден.
„Мислам дека целиот фудбалски свет е вчудоневиден од начинот на кој беше дојдено до овој отказ и од причините. Милан во последните две години освоија скудето, повеќе од една деценија клубот не ја заврши годината со профит, а ќе го направи то оваа година. По Малдини вредноста на клубот порасна четирикратно“, вели Леонардо.