Top Sport

Неста: Време е Милан да се активираат во преодниот рок

Поранешниот дефанзивец Алесандро Неста вели дека е разочаран од работата на Милан на пазарот на играчи, откако ниту падот на формата на актуелните шампиони не ги натера газдите да се активираат во потрага на играчи.

„Росонерите“ купија само еден играч во јануарскиот преоден рок, анонмниот колумбиски голман Девис Васкез за 470.000 фунти од парагвајскиот клуб Гуарани.

„Јас би направил многу работи поинаку. Мораат да ја засилат својата клупа, не можат да играат само со тие играчи. Никој е оди 2000 км/ч двегодини. Пиоли нема играчи кои би можеле да влезат и да го сменат мечот. Потоа, дефинитивно им треба напаѓач. Ибра и Жиру се во години и во 60-тата минута, мора да ги извадите од игра. Време е клубот да направи малку напор. По така спектакуларно освоено скудето, мораа да дадат малку пари за засилувања“, вели Неста.

Милан се на петтото место во Серија А, израмнети на поени со Лацио и Аталанта и дури 15 поени зад лидерите Наполи.

Scroll to Top