Илија Несторовски го постигна својот деветти гол за Палермо во 13-тиот натпревар од сезоната, но тимот од Сицилија пропушти победа на гостувањето во Пескара и зголемување на предноста на врвот во италијанската втора лига.
Пескара дојде до рано водство во 10. минута, по што бугарскиот интернационалец Чочев израмни во 15. минута, пред Несторовски, кој мечот го стартуваше со капитенската лента, да погоди во 33. минута за 2:1 предност на гостите. Сепак, Пескара на стартот на второто полувреме успеа да израмни на 2:2.
Палермо останува прв во Серија Б со 22 поени, меѓутоа може да го загуби првото место овој викенд, бидејќи зад нив следуваат три тима со по два поени помалку – Емполи, Фросиноне и Парма.