Шпекулациите околу иднината на македонскиот напаѓач Илија Несторовски продолжуваат во Италија, посебно откако Палермо не успеа да обезбеди влез во Серија А.
Иако се веруваше дека Џенова и Болоња се заинтересирани да го остават капитенот на клубот од Сицилија во Италија, весникот „Ил џорнале ди Сицилија“ тврди дека Македонецот заминува во Премиер лигата.
„Збогум Илија. Палермо ќе се предаде и ќе го испрати Несторовски во Англија, откако неколкуте понуди од Италија беа проценети за недостојни. Откако пред една година одбија 15 милиони евра за него, Палермо и претседателот Ѕампарини најдоа вистинска дестинација за напаѓачот – Премиер лигата. Засега, името на клубот се чува во тајност, а бидејќи ’бомбардерот’ е на одмор во Турција, кога ќе се врати ќе се направат конечните одлуки“, се вели во коментарот на весникот.
#GiornalediSicilia: “#Nestorovski verso l’#Inghilterra. Raggiunto accordo con un club di #Premier” https://t.co/qFAWUIecQ1
— I LOVE PALERMOCALCIO (@ILOVEPACALCIO) June 29, 2018