Top Sport

Нестварна одбрана на Кепа Аризабалага (Видео)

Фудбалската репрезентација синоќа доминираше во Букурешт, а на крајот голманот Аризабалага им ја обезбеди победата. Во својата квалификациска група Шапнија е лидер со максимални 15 бода.

Шпанците во Романија победија 2-1 со головите на Рамос од пенал и Пако Алкасер. „Црвената фурија“ имаше можност да забележи убедлива победа но Пако Алкасер во првиот дел не искористи три чисти шанси.

На крајот кога останаа со играч помалку, поради црвениот картон што го доби Љоренте, Романците ги нападнаа со сите сили, а победата им ја обезбеди најскапиот голман во светот на фудбалот Кепа Аризабалага.

Голамнот на Челси во последните моменти имаше неверојатна одбрана, кога со нога го спречи Пушкаш да постигне гол, на одбиената топка налета Григоре кој шутираше над голот.

Scroll to Top