Екипата на Висел Кобе чекаше 25 години за да го освои првиот трофеј во Јапонија. Тоа им успеа против Јокохама Маринос. По изведувањето на пенали тие го освоија пехарот во Суперкупот на Јапонија.
Натпреварот заврши со резултат 3:3, а по изведувањето на пенали беше 3:2 за Висел Кобе. Мечот ќе се памети по неверојатната пенал-серија во која двата тима промашија девет пенали во низа, потоа Јамагучи го постигна решавачкиот гол.