Ерлинг Халанд ќе биде главна тема во летниот преоден рок. Европските великани ќе се тркаат за неговиот потпис, но јасно е дека еден или два клуба ќе можат да ги исполнат финансиските барања.
Англичаните тврдат, дека Манчестер сити се подготвени на Борусија Дортмунд да и платат 180 милиони евра за Халнад. Од оваа перспектива, обесштетувањето ќе биде најмалиот проблем за Сити.
Медиумите шпекулираат дека, менаџерот на Халанд, Мино Рајола, за својот клиент бара петгодишен договор и неделна плата од 700.000 евра. Во превод, Сити, само за платата на Халанд, за пет години ќе треба да издвои 170 милиони евра.
Кога ќе се соберат овие две цифри, се доаѓа до сума од 350 милиони евра, колку што Сити ќе треба да издвојат за напаѓачот.