Манчестер Јунајѕед победи кај Вотфорд во рамките на 14.коло во Премиер лигата со 4:2, а натпреварт го обележа промашувањето на Ромелу Лукаку, на чија сметка по мечот се пошегува и Жозе Мурињо.
Белгискиот репрезентативец беше сам пред голот на Вотфорд, голманот беше далеку, но наместо да ја смести топката во празната мрежа, тој направи потег повеќе и шансата пропадна.
Donkey at it again! #LukakuSkills pic.twitter.com/cZmvyjw9cZ
— Lukaku Skills (@LukakuSkills) November 28, 2017
„Лукаку игра во обични црни копачки. Мислам дека треба да пронајде некој бренд, некој кој ќе му плати и ќе му даде вистински копачки за да може повотрно да постигнува голови. Ми заврши договорот со стариот спонзор и сеа очигледно чека нова понуда“, се пошегувал менаџерот на Манчестер јунајтед, Мурињо.
Инаку „црвените ѓаволи“ на полувреме имаа предност од 3:0. Два гола постигна Ешли Јанг, а еден Ентони Марсијал. Во вториот дел Вотфорд намали со головите на Трој Дини од пенал и Абдулае Дукуре, а конечните 4:2 ги постави Џеси Лингард.