Роке Санта Круз, поранешниот парагвајски репрезентативец и член на Баерн Минхен, уште не е во пензија и на 38 години покажува дека не заборавил да дава голови – даде неверојатни четири гола за 4:2 победа на својот тим Олимпија против Серо Портењо.
Со победата на Олимпија, неговиот тим е на првото место на табелата по 18 кола со 44 поени, четири повеќе од Либертад. Самиот Санта Круз има постигнато осум голови и е втор стрелец во лигата.
Санта Круз играше за Баерн од 1999 до 2007 година, доаѓајќи токму од Олимпија, каде што се врати во 2016 година.