Ерлинг Халанд ја обележа фазата по групи во Лигата на шампионите во дресот на Салцбург.
Халанд е првиот тинејџер што успеал да постигне најмалку по еден гол во првите пет натпревари во фазата по групи во натпреварувањата што ги организира УЕФА.
Исто така Халанд е првиот играч што постигнал осум гола во првите пет натпревари во ЛШ. Тој зад себе ги остави Хари Кејн (Тотенхем) и Диего Коста (Атлетико Мадрид) кои постигнале по седум гола.
Во досегашниот дел од сезоната Норвежанецот одиграл 22 натпревари, а постигнал 28 голови.
Поради овие бројки не чуди интересот што за него го покажуваат голем број на клубови. Шпекулациите велат дека жестока борба за неговиот потпис ќе водат Манчестер Јунајтед и Јувентус.
Дека европските клубови полуделе по 19 годишниот напаѓач говори и податокот дека синоќа против Ливерпул го следеле скаути на 40 клубови.
Сигурно е дека Халанд нема подолго од една сезона да се задржи во Салцбург, прашање е само дали во клубот ќе решат да го продадат веќе во јануарскиот преоден рок или ќе чекаат да заврши сезоната.
Според шпекулациите Салцбург за него барале 100 милиони евра.