Кардиф и Њукасл јунајтед одиграа меч без голови за почеток на второто коло во Премиер лигата, во меч во кој најголемо внимание предизвика однесувањето на Бразилецот во тимот на Њукасл, Кенеди.
Тој имаше катастрофално прво полувреме, во кое стана првиот фудбалер по Никола Калиниќ во 2010 година, кој во текот на 45 минути не успеа да сврзе ниту едно додавање. Покрај тоа, 22-годишниот Бразилец избегна директен црвен картон за неспортскиот удар над Камараса и тоа директно пред судијата Крег Посон.
Њукасл подоцна останаа со играч помалку, кога во 66. минута Исак Хајден доби црвен картон, но сигурно по разгледувањето на снимките Кенеди ќе добие ретроактивна суспензија.
Кенеди, сепак, имаше шанса да биде и херој на мечот (барем за навивачите на Њукасл), кога во 96. минута беше доделен пенал за Њукасл, но тој утна од белата точка. Меч кој сигурно ќе го памети и тој и навивачите на двата клуба.
За двата клуба, ова е прв поен во новата сезона – во првото коло Њукасл загуби од Тотенхем (1:2), а Кардиф од Бурнемаут (2:0).
0 – Kenedy failed to complete a single pass in the first half against Cardiff City – he is the first outfield Premier League player to fail to complete a single pass in 45+ minutes of play since Nikola Kalinic against Birmingham City in March 2010. Passenger. pic.twitter.com/6EZbhRNI9B
— OptaJoe (@OptaJoe) August 18, 2018