Напаѓачите на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и Герет Бејл се сопственици на најдобрите голови оваа сезона во Лигата на шампионите.
Португалецот со мајсторски удар, со ножички, го совлада Џиџи Буфон во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.
Ист гол постигна Велшанецот во саботата, во финалниот меч против Ливерпул, кога втор пат му донесе предноста на Реал (2:1), а потоа тој со огромна помош на голманот на „црвените“ Кариус ги постави конечните 3:1.
И додека навивачите дискутираат чии гол е поубав, се појави еден неверојатен податок. Имено, ножичките на Роналдо против Јувентус, односно на Бејл против Ливерпул се случиле во иста минута и иста секунда.
Сличноста е неверојатна.