Фудбалот знае да напише неверојатни приказни. Една таква открива британскиот сервис Би-би-си. Велшанецот Алан Камсел има 88 години и се уште е активен голман.
Кариерата ја започнал во далечната 1952 година и нема намера да се откаже, барем додека не го прослави 90.роденден. Наскоро според неговата приказна треба да започне да се снима филм.
„Тажен сум кога нема натпревари“, рекол голманот на локалниот Перхин бај столерс.
Целата своја кариера, Камсел брани за аматерски или полу-аматерски клубови.
„Во последно време ми стана јасно дека сум малку бавен, а и послабо гледам. Добро ќе биде да ја завршам кариерата во 90 година. Тоа ќе биде доволно. Бранам од забава“.
In other news, Alan Camsell is an 88 year-old goalkeeper who still plays for his local side, Penrhyn Bay Stollers FC.
?️ "Lately I've realised I'm getting a bit slow, the ball's past me when I'm still diving. So what? It's only fun."
The beautiful game ❤️ pic.twitter.com/TEkdZNn8Tx
— Footy Accumulators (@FootyAccums) September 29, 2021