Top Sport

Неверојатна статистика! Буквално никој го нема издриблано Ван Дајк

Манчестер сити утре ќе мораат да направат нешто посебно за да го победат Ливерпул и да се вратат во трката за титулата во Премиер лигата, но пред себе ќе ја имаат неверојатната одбрана на „црвените“ предводена од Виргил ван Дајк, Холанѓанецот кој буквално никој го нема издриблано оваа сезона.

Според статистиката на „WhoScored.com“, оваа сезона никој не успеал да го издрибла големиот Холанѓанец во сите мечеви од Премиер лигата!

Со овие бројки се докажува дека Јирген Клоп имаше право кога летото 2017 година реши да го донесе Ван Дајк од Саутемптон за астрономски 100 милиони долари, во моменти кога одбраната на Ливерпул не изгледаше најдобро.

Со неговото доаѓање, секако, не се решија сите проблеми, но со Алисон на голот, „црвените“ имаат примено само осум гола во 20 меча, со што се најдобриот дефанзивен тим во Премиер лигата – следни се Манчестер сити и Челси со по 16 примени голови. Манчестер јунајтед, на пример, имаат примено 31 гол!

Фото: ЕПА

Scroll to Top