Приказните за грабежите на елитните фудбалери додека тие се на натпревар веќе неколку пати се повторуваа, посебно во Франција и Шпанија, но случајот на фудбалерот од Гана, Томас Парти е навистина посебен.
Домот на фудбалерот на Атлетико Мадрид минатиот понеделник беше ограбен додека таму била само неговата куќна помошничка, а неколку дена подоцна организирана банда по вторпат се обидела да влезе во домот на 26-годишниот фудбалер, објавува „Марка“. За среќа, овојпат во неговиот дом бил роднина на Парти, кој ги избркал крадците.
Парти во меѓувреме, бил во карантин со тимот на Атлетико пред мечот со Валјадолид.