Олимпијакос синоќа сензационално го елиминираа Арсенал од Лига Европа. Грците со минус од еден гол допатуваа во Лондон. Во регуларниот дел постигнаа еден гол не примија ниту еден и го однесоа натпреварот во продолженијата.
Дополнителните 30 минути беа исклучително возбудливи најпрвин Обамејанг во 113 минута израмни на 1:1 и во тој момент им обезбеди на соиграчите пласман во наредната рунда.
Шест минути подоцна Ел Араби ги шокираше сите на „Емирејтс“, погоди за 1:2 и пласман на Олимпијакос во осмина-финалето.
Сепак доколку Обамејанг беше поприсебен во 123 минута бајката на Олимпијакос можеше да има трагичен крај.