Top Sport

Неверојатно промашување на Обамејанг (Видео)

Олимпијакос синоќа сензационално го елиминираа Арсенал од Лига Европа. Грците со минус од еден гол допатуваа во Лондон. Во регуларниот дел постигнаа еден гол не примија ниту еден и го однесоа натпреварот во продолженијата.

Дополнителните 30 минути беа исклучително возбудливи најпрвин Обамејанг во 113 минута израмни на 1:1 и во тој момент им обезбеди на соиграчите пласман во наредната рунда.

Шест минути подоцна Ел Араби ги шокираше сите на „Емирејтс“, погоди за 1:2 и пласман на Олимпијакос во осмина-финалето.

Сепак доколку Обамејанг беше поприсебен во 123 минута бајката на Олимпијакос можеше да има трагичен крај.

Габонецот од пет метри промаши празен гол.

Scroll to Top