На „Етихад“ во Манчестер бевме сведоци на едн од најневеројатните 10 минути на стартот на еден дуел од Лигата на шампионите, откако прво Манчестер сити поведе со 1:0 со голот на Рахим Стерлинг, пред Хеунг-Мин Сон да направи чудо и да уфрли два гола за 2:1, пред Бернандо Силва да израмни на 2:2
Само четири минути беа доволни Манчестер сити да ја анулира предноста на Тотенхем во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите, а само уште три минути беа доволни Тотенхем да израмни во неверојатен старт на мечот на „Етихад“ во Манчестер.
Најдобриот англиски напаѓач во Премиер лигата, успеа да постигне прекрасен гол на стартот на мечот, но набргу потоа, Хеунг-Мин Сон, успеа да биде на границата на офсајдот и да ја искористи лошата интервенција на Едерсон да израмни на 1:1. Само две минути подоцна Сон повторно се најде сам пред Едерсон и постигна уште еден гол, пред Бернардо Силва да израмни со малку среќа.
Лудилото не заврши тука. Во 21. минута, Рахим Стерлинг постигна уште еден гол носејќи 3:2 предност за „граѓаните“, на кои уште им е потребен еден гол за пласман во полуфиналето.