Top Sport

Невил до Џерард: Ти вредеше како сега половина Фред од Јунајтед!

Легендата на Манчестер Јунајтед од ерата на Сер Алекс Фергусон, дефанзивецот Гери Невил е актуелен коментатор на англиската ТВ Скај.

Во неговата емисија „Soccerbox“ меѓу другите гостуваше и легендарниот играч на Ливерпул, Стивен Џерард.

Во интересен разговор Невил го потсетил Џерард како малку недостасувало да прејде во редовите на големиот ривал:
„Колку понуди Челси за тебе во 2005 година“ – прашува Невил.

Џерард му одговара: „37,5 милиони фунти. Што би можело денес да се купи со тој износ?“

„Половина Фред“ – одговорил Невил и двајцата се насмеаја.

Легендата на Јунајтед сакаше на колегата да му објасни колку сега фудбалерите се преплатени.

Инаку, кога станува збор за Фред, Јунајтед за него даде 60 милиони отштета и го купи од Шахтјор Доњецк. Играчот се смета дека е најголемото промашување во историја на клубот.

Еве уште еден доказ за тоа, од синоќешниот меч на „ѓаволите“ против Арсенал во Лондон:

Scroll to Top