Top Sport

Невил ги критикуваше навивачите на Јунајтед за „силеџиското“ однесување кон капитенот Мегваер

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил побара од навивачите на „ѓаволите“ да престанат со „силеџиското“ однесување кон Хери Мегваер, откако новиот менаџер Ерик Тен Хаг потврди дека англискиот репрезентативец ќе остане капитен на клубот и во новата сезона.

По сите слаби игри на Манчестер јунајтед во последните години, Мегваер беше најчесто мета, и голем дел од навивачите сметаа дека Кристијано Роналдо, Давид де Хеа или Бруно Фернандеш би биле поприкладни на таа позиција. Шпекулациите во текот на минатата сезона велеа дека во соблекувалната на тимот има „раздор“ помеѓу групата која го поддржува Мегваер и групата на фудбалери кои повеќе го ценат Роналдо.

Невил му даде поддршка на сонародникот и одговори на обвинувањата дека Мегваер е капитен само бидејќи е Англичанец.

„Извинете што ќе ве информирам, но одлуката да остане капитен ја донесе холандски менаџер, а не англиски кловн“, напиша Невил, кој потоа ги нападна навивачите: „Истите навивачи кои се бесни со мене што ја поддржувам одлуката Мегваер да остане капитен во исто време ја критикуваат одлуката на менаџерот. Можеби треба да го поддржувате капитенот а не да се однесувате силеџиски. Новиот менаџер очигледно смета така“, вели Невил.

Scroll to Top