Top Sport

Невил: Играчите на Ливерпул се како живи мртовци

Ливерпул, во дербито против Евертон, го доживеа четвртиот последовен пораз во Премиер лигата. Одбраната на титула за „црвените“ стана невозможна мисија, а како играат им „виси“ и пласманот во Лигата на шампионите.

„Знаеме дека Ливерпул има големи проблеми со повредени фудбалери, дека играат пред празни трибини, но на сите им е исто. Проблем за навивачите на Ливерпул е што во тимот не се гледаат никакви промени. Играчите се како живи мртовци, одат едем по друг , сите исто размислуваат“, рекол аналитичарот на „Скај Спорт“, Гери Невил и дополнил.

„Можеби Клоп треба да направи некакви промени? И тој треба да се запраша дали ја прави вистинската работа. Не би сакал да помисли дека јас му кажувам како требада игра Ливерпул. Сепак, мислам дека им е потребна промена што ќе ги раздвижи. Можеби тројца во последната линија, не знам. Во моментов ова не изгледа добро“.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');