Top Sport

Невил: Кејн + Варан + Санчо = титула за Манчестер јунајтед

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил вели дека постои едноставна равенка за засилувања ова лето на „ѓаволите“ која ќе гарантира титула, и вели дека можното враќање на Кристијано Роналдо би било погрешен потег.

Јунајтед завршија со огромни 12 поени заостанување зад градските ривали Манчестер сити, но сезоната може да ја завршат со титула, бидејќи во среда ќе играат со Вилјареал во финалето на Лига Европа. Сепак, најважна е домашната титула, а Јунајтед сега чека 8 години за неа, и Невил вели дека со прави засилувања, може да се дојде до круната.

„Варан, Кејн и Санчо = титула“, објасни Невил на Твитер.

Рафаел Варан сака да замине од Реал Мадрид, и Јунајтед подолго време се надеваат на неговиот потпис, а истиот случај е и со Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, додека за Хери Кејн сигурно ќе се борат повеќе богати клубови. Иако сите реално се достапни ова лето, висината на нивните трансфери го прави овој „едноставен“ чин тешко изведлив.

Невил вели дека неговиот поранешен соиграч, Кристијано Роналдо, не треба да е во планот на Оле Гунар Солскјер.

„Го сакам многу, но мислам дека е подобро да ги оставаме сеќавањата каде што се“, вели Невил.

Scroll to Top