Поранешните капитени на Манчестер јунајтед, Гери Невил и Рој Кин беа брутални кон својот сакан тим по 0:1 поразот од Арсенал на „Олд Трафорд“ во уште еден меч кој ги покажа сите слабости на „ѓаволите“ под Оле Гунар Солскјер.
Невил смета дека клубот има „повеќе проблеми отколку решенија“ во средниот ред и дека сите треба да жалат што не се осмелија да ја платат сумата и да го донесат Џејдон Санчо во тимот.
„Има повеќе проблеми отколку решенија. Имате шест фудбалери од средниот ред во клубот: Немања Матиќ, Фред, Скот Мектоминеј, Бруно Фернандеш, Дони ван де Бек и Пол Погба, и некако морате да ги ставите во систем, и Оле мора да игра со ‘дијамант’. Но, тоа не функционира, како што се гледа. Кога Гринвуд излезе од игра, беше уште полошо. Го сакаа Џејдон Санчо на таа страна и навистина направија голема грешка што не го купија“, вели Невил.
Кин беше уште побрутален, велејќи дека „овие играчи“ ќе го чинат работата неговиот поранешен соиграч Оле Гунар Солскјер.
„Навистина сум загрижен за Манчестер јунајтед сега. Каде да почнам? Недостаток на енергија, ентузијазам, квалитет. Тоа ме загрижува. Не сум убеден од овие играчи, не гледам лидери на теренот. Нема квалитет и ќе биде долг патот назад. Го гледав Маркус Рашфорд и говорот на телото беше шокантен. Кревајќи рамења кога не оди? Не, треба да ги засукаш ракавите кога играш за Манчестер јунајтед. Не изгледа добро за Оле. Велат резултатите не се причина за паника, но понекогаш се. Фудбалерите се ценат според своите постапки и јас никогаш не барав менаџерот да ме мотивира, тоа не е потребно. Оле ќе ја загуби работата поради овие играчи“, вели Кин.