Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил верува дека „ѓаволите“ ќе ја кренат титулата од Премиер лигата наскоро, дури пред лутите ривали Ливерпул.
И покрај тоа што беа само шести минатата сезона, додека Ливерпул ја загубија титулата за само еден поен од Манчестер сити, Невил смета дека титулата е поблиску отколку што изгледа. Невил верува дека неговиот поранешен соиграч Оле Гунар Солскјер ќе заврши одлична работа.
„Не седам тука како навивач на Јунајтед и мислам дека е крај на светот. Се работи за циклус. Во моите први 18 години од животот не видов лигашка титула за Манчестер јунајтед, а потоа 20 или 25 години беа славни. Беше како да си во рајот. Сега е тешко, но не сум загрижен бидејќи тоа може да се смени со малку пари за играчи и добри одлуки на бордот на клубот. Кажувам дека Ливерпул, Сити, Тотенхем, се клубови кои последните 30-тина години имаа лоши политики за носење на играчи. Повторно ќе победуваме и тоа е сигурно. Најверојатно ќе ја освоиме титулата пред Ливерпул. И тоа го кажувам со целосна почит кон Ливерпул“, вели Невил.