Top Sport

Невил по кошмарот со Валенсија: Никогаш повеќе нема да бидам тренер

И покрај тоа што неговиот брат е селектор на женската фудбалска репрезентација, Гери Невил вели дека тој не сака да се врати на тренерската професија по кошмарниот период во кој беше тренер на Валенсија.

Невил помина четири месеци на чело на Валенсија во сезоната 2015/16, а работеше и со англиската репрезентација од 2012 до 2016 година, но вели дека желбата за ваков ангажман е завршена, и дека е задоволен со работата како ТВ-коментатор и ко-сопственик на третолигашот Салфорд сити. Валенсија го отпушти Англичанецот откако тој имаше 10 победи во 28 меча и го остави клубот на само шест поени од зоната за испаѓање.

„Ниту еднаш кога ќе се разбудам наутро не помислувам: ’Баш би сакал да сум тренер’. Имав обид во Валенсија и научив многу. Добив по ушите, но понекогаш е потребно да ти се случи такво нешто во животот. Повеќе сум заинтересиран за водење на тимот и за бизнис страната. Фудбалската страна ја сакам – сакам да гледам мечеви, но не сакам да сум тренер. Завршив со тоа“, вели Невил.

Неговиот помлад брат, Фил Невил е селектор на англиската репрезентација, додека нивната сестра Трејси беше селектор на нетбол репрезентацијата на Англија.

Scroll to Top