Top Sport

Невил: Погба е единствениот фудбалер од светска класа во Манчестер јунајтед

И покрај сите критики кои ги преживеа од фановите на „Олд Трафорд“, Пол Погба останува единствениот фудбалер од светска класа во Манчестер јунајтед, вели поранешниот капитен на клубот Гери Невил.

27-годишниот Французин пропушти поголем дел од сезоната 2019/20 поради повреда, откако во текот на летото се шпекулираше дека е пред заминување од клубот. Невил смета дека сега Погба мора да го предводи тимот.

„Нема сомнеж дека Пол Погба кој е посветен на Манчестер јунајтед може да биде голем фудбалер. Неговите асистенции, неговите голови се многу потребни. Тој е меѓу најдобрите европски фудбалери на таа позиција и се надевам дека ќе се смири. Се надевам дека со економските проблеми на европските тимови никој нема да се обиде да го купи и тој ќе сфати дека припаѓа на Јунајтед, клубот каде што започна. Јас никогаш не сум го обвинувал за проблемите на Манчестер јунајтед и верувам дека е единствениот фудбалер од светска класа во тимот. Можеби би го кажал истото за Давид де Хеа, но пред две години“, објаснува Невил.

Scroll to Top