Ривалите на Ливерпул едвај дочекаа да го прослават првиот пораз на „црвените“ оваа сезона, шокантните 3:0 од Вотфорд во саботата, а предводник беше поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил, кој дури отвори шампањско за да прослави.
„Само што пристигнав во Лондон, и тие повторно не прават ништо“, изјави Невил во првото видео споделено на Твитер, за потоа да прослави со отварање на шише на шампањско.
Своја „прослава“ имаа и навивачите на Арсенал, откако Гери Линекер искоментира дека ова е „најдобриот резултат на Арсенал оваа сезона“, бидејќи сега рекордот од 2003/04, кога „топчиите“ без пораз стигнаа до титулата останува сигурна.
„Уф!“, прво напишаа на акаунтот на Твитер на Арсенал, по што се поправија и честитаа: „Честитки на одличната непоразена серија, Ливерпул“.
Gary Neville has just won social media for the night. ?pic.twitter.com/sg2257kc7G
— Football Tweet (@Football__Tweet) February 29, 2020
Definitely @Arsenal’s best result of the season. #invincibles
— Gary Lineker (@GaryLineker) February 29, 2020
Phew…
— Arsenal (@Arsenal) February 29, 2020
Congratulations on a formidable unbeaten run, @LFC ?
— Arsenal (@Arsenal) February 29, 2020