Гигантот „Мастеркард“ се најде во невообичаена позиција да се извинува за својата кампања, откако вети дека ќе донира 10.000 оброци на гладни деца во Јужна Америка и на Карибите за секој гол постигнат на СП од страна на аргентинската ѕвезда Лионел Меси и бразилскиот ас Нејмар.
Според многумина невкусно е што компанија со толку средства, ја прави зависна врската меѓу постигнување на голови со својата „добротворна“ работа.
Goals that changes lives: for each goal scored by Messi or Neymar Jr. Mastercard will donate the equivalent of 10,000 meals to @WFP to fight childhood hunger and malnutrition in Latin America and the Caribbean #TogetherWeAre10 #StartSomethingPriceless https://t.co/URfIp77ElN pic.twitter.com/Ckq61oJgld
— Noticias Mastercard (@MastercardLAC) May 31, 2018
Ова не му се допаѓаше ниту на бразилскиот селектор Тите пред мечот со Хрватска.
„’Мастеркард’, ќе ви кажам нешто. Донацијата е убава работа. Прекрасна и голема. Но, би бил голем гест ако давате храна ако било кој играч на Аргентина и Бразил постигне гол. Фудбалот е тимска игра и вакви гестови се фрустрирачки. Тоа е мојот совет“, изјави Тите.
Дел од коментаторите на Твитер го споредија гестот со филмскиот хит „Hunger games“, a други оценија дека е посебно саркастично за голманите, кои ако одбранат некој удар на двајцата фудбалери, всушност оставаат деца без потребниот оброк.
All of a sudden being a goalkeeper means saving shots is stopping kids get the food they need?
Really bad idea from @Mastercard. If you have the cash then feed the kids. https://t.co/8Iwk4MF0xQ
— Robbie Britton (@ultrabritton) June 2, 2018
This is vulgar to the point of profanity.
If you can help children, help children you pathetic corporate vultures @Mastercard.#FeedTheKidsAnywayMastercard https://t.co/I0a2MiIkz4— Aodhán Ó Ríordáin (@AodhanORiordain) June 1, 2018