Top Sport

Независноста на Каталонија ќе го одложи мечот Џирона-Реал?

Актуелниот шампион на Шапанија и Европа мадридски Реал в недела ќе гостува кај Џирона, во рамките на 10.коло во ЛА Лига, но овој дуел би можел да не се одигра доколку владата на Каталонија прогласи независност.

„Онда Церо“ јавува дека доколку регоналната влада прогласи назависност, дека тогаш полицијата со сигурност ќе го одложи натпреварот, за да спречи евентуални нереди на стадионот бидејќи на Џирона ќе и гостува симболот на мадридкиот централизам и Шпанија.

Играчите на Реал и нивниот тренер Зинедин Зидан се свесни за сериозноста на ситуацијата, но потенцираат дека нив ги интересира само фудбалот и дека сакаат да играат против Џирона.

„Ние ќе си ја работиме нашата работа и нема да размислуваме за ништо друго“, рекол тренерот Зидан.

„Сакаме да играме в недела, знаеме што се случува, но ние размислуваме само за спортот. Ја следам ситуацијата во Каталонија која е многу сложена, но се надевам дека се ќе помине во најдобар ред“, рекол напаѓачот Лукас Васкез.

Дуелот е закажан за в недела од 17:15 часот.

Scroll to Top