Top Sport

Ни Меси, ни Марадона, Бразилец е омилениот фудбалер на Папата

Папата Франциско, во интервју за државната италијанска телевизија РАИ, одговори на прашањето кој е неговиот омилен фудбалер, Лионел Меси или Диего Армандо Марадона. Папата Франциско е роден во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина, од каде потекнуваат и двајцата фудбалери. Сепак, Папата го избра Пеле, што е изненадувачки со оглед на фудбалското ривалство помеѓу Аргентина и Бразил.

„Марадона беше фантастичен играч, но потфрли како човек. Не му помогнаа оние кои го славеа. Тој дојде да ме посети, по краток период почина. Интересно, многу спортисти завршуваат лошо. Меси е џентлмен, многу е коректен, но за мене Пеле е најголем, човек со срце.

Разговаравме кога се сретнавме во авионот за Буенос Аирес. Покажа голема хуманост. Сите тројца се големи, секој на свој начин“, одговори Папата.

Scroll to Top