Top Sport

„Ни нудеа 20 милиони бонус за титулата во ЛШ, трофеј што Тотенхем никогаш нема да го освои“

Претседателот на Спортинг од Лисабон, Фредерико Варандас, на португалските медуми им открил зошто во летниот преоден рок пропаднал трансферот на најдобриот играч во клубот Бруно Фернандеш.

Сериозен интерес во летниот преоден рок за Фернандеш покажале неколку екипи, но според Варандас највеќе биле заинтересирани од Тотенхем. За играчот кој минатата сезона имаше неверојатна статистика за играч од редот за врска (32 гола и 18 асистенции во сите натпреварувања), Спортинг бараа 70 милиони евра.

Според Варандас во клубот процениле дека некои услови што сакале да ги вметнат во договорот луѓето од Тотенхем немало шанси да се остварат поради што трансферот бил стопиран.

„Тотенхем во кеш понудија 45 милиони евра, а 20 милиони во бонуси. Еден од тие бонуси беше за освојување на Премиер лигата или Лигата на шампионите. Тие трофеи нема да успеат да ги освојат, поради тоа ја одбив понудата“, рекол Варандас.

Бруно Фернандеш во финишот на преодниот рок се поврзуваше со Реал Мадрид, но од „Сантијаго Бернабеу“ во Лисабон не била испратена официјална понуда.

Scroll to Top