Top Sport

Ни Прандели не помогна – Фиорентина загуби дома од Беневенто

Враќањето на славниот Чезаре Прандели на клупата на Фиорентина не помогна да се подобри лошата форма на клубот од Фиренца, откако дома на „Артемио Франки“ загубија со 0:1 од новиот прволигаш Беневенто.

Човек на одлука беше Рикардо Импрота, кој во 52. минута ја искористи лошата проценка на голманот Драговски и на одбраната на Виола, и постигна убав гол по асистенција на Роберто Инсиње.

Со трите поени, тимот на Пипо Инзаги ја помина Фиорентина на 13. место на табелата со 9 поени прва победа по четири порази, додека Виола е на 14. место со 8 поени. Фиорентина над 300 минути нема постигнато гол во Серија А.

Scroll to Top