Top Sport

Ниасе доби два меча суспензија

Напаѓачот на Евертон, Умар Ниасе и официјално стана првиот играч од Премиер лигата кој добил суспензија за „симулирање“.

Жалбата на Евертон на обвинението на Фудбалската асоцијација (ФА) за симулирањето при 2:2 ремито против Кристал Палас е отфрлено. Ниасе успеа да извлече контроверзен пенал за дуелот со Скот Ден, по што беше обвинет за „намерно залажување на судија“.

27-годишниот Ниасе сега ќе ги пропушти мечевите на Евертон против Саутемптон во недела и против Вест Хем на 29 ноември.

Ниасе првиот фудбалер официјално обвинет за „симулирање“ (видео)

 

Scroll to Top