Top Sport

Ниасе првиот фудбалер официјално обвинет за „симулирање“ (видео)

Напаѓачот на Евертон, Умар Ниасе е обвинет за „симулирање“ од страна на англиската Фудбалска асоцијација (ФА) откако успеа да добие пенал против Кристал Палас во саботата.

Ниасе падна по контакт со дефанзивецот на Палас, Скот Ден, и судијата Ентони Тејлор досуди пенал. Тој може да добие суспензија за обвинувањето, и е првиот фудбалер во Премиер лигата кој добива вакво обвинение по новите правила на ФА.

Ниасе е обвинет за „успешно залажување на судијата“. Ваквите инциденти ќе ги разгледува панел од три члена – еден поранешен судија, еден поранешен менаџе и еден поранешен фудбалер.

Ниасе е во солидна форма оваа година, со шест гола во 9 настапи.

Ниасе: Научив да играм на улиците, затоа сум толку цврст

Scroll to Top