Top Sport

Ница му посака добредојде на Ленс во Лига 1 со пресврт-победа

Ница стигна до 2:1 победа над повратникот во француската елита, Ленс во последниот денешен меч од првото коло во Лига 1, за убав старт на сезоната на тимот на Патрик Виера.

Ленс стигна во водство во 11. минута со голот од пенал на Гаел Какута, но Ница се врати во 23. минута со голот на Амин Гуири. Трите поени ги осигура токму Гуири со вториот гол во 75. минута од мечот.

Ленс, кои во 1990-тите беа голем тим во Франција и ја освоија титулата во 1998 година, се вратија во Лига 1 првпат од 2011 година.

Scroll to Top